Гостивар
Незадоволство во ДУИ: Нема внатрепартиска дебата, револт поради Артан Груби

Членови на ДУИ во соопштение испратено до јавноста обвинуваат дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, како што велат, станало индивидуално.
Во писмото, потпишано меѓу другите, и од Невзат Бејта, Башким Хасани, Изет Меџити, Муса Џафери, Висар Ганиу, Блерим Беџети, се бара внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикуваат лидерот на партијата Али Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.
– Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби, се вели меѓу другото во писмото. Потписниците наведуваат дека „арогантното однесување на извршната власт на чело со Артан Груби предизвикало незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава