Поврзи се со нас

Македонија

Нездравиот начин на живот и пушењето главни ризик фактори за смртност во земјава

Објавено

на

Тутунот и нездравата исхрана се главни фактори на ризик за смртност во Северна Македонија. Нездравиот начин на живот е двигател на смртност, а високиот процент на пушачи, лица со висок шеќер во крвта и зголемената потрошувачка на шеќер, сол и масти се проценува дека сочинуваат речиси три четвртини од смртните случаи до 2019 годинасе наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за Северна Македонија.

Овој извештај е еден од 14-те национални извештаи за земјите членки во Европскиот регион на СЗО што не се членки на Европската Унија.

Во делот „Подобрување на здравјето на населението“ се посочува дека очекуваниот животен век во Северна Македонија се зголемува, но останува под просек од Европскиот регион на СЗО.

– Најновите податоци за смртност пријавени од Северна Македонија до СЗО се однесуваат на 2013. Според овие податоци, просечниот животен век изнесувал 75,5 години. Иако ова беше под просеците за Југоисточна Европа и Европскиот регион на СЗО, беше повисок од повеќе ажурирани бројки за очекуваниот животен век за некои членки на ЕУ, се вели во извештајот.

Кардиоваскуларните и цереброваскуларните заболувања и карциноми се водечки причини за смртност кај возрасните. Во периодот од 2000 до 2017 година забележано е и зголемување на смртноста поради дијабетес, специфични видови на рак, особено на белите дробови, колоректален карцином, панкреас и рак на простатата како и Алцхајмерова болест.

Во извештајот се наведува дека државата е рангирана меѓу земјите со највисока преваленција на пушење тутун во светот и највисок просечен број на испушени цигари кај возрасните и младите луѓе. Но, како што пишува, се забележува намалување на стапката на пушење цигари. Причината за тоа, велат дека е Законот за забрана на пушење цигари на јавни места воведен во 2010 година.

На позитивна нота, како што велат од СЗО, потрошувачката на алкохолот кај возрасните по глава на жител (3,8 литри) е под просекот на европскиот регион на СЗО.

Забележано е зголемување на стапката на прекумерна тежина и дебелина меѓу возрасните. Речиси две третини или 64,9 проценти од мажите и повеќе од половина жени, односно 51,2 отсто биле со прекумерна тежина во 2016 година. Загрижува и фактот што половина од возрасната популација не е физички активна и само 8,3 проценти од возрасните практикуваат околу 150 минути умерена физичка активност неделно, што е под просекот на Европската Унија.

Прекумерната тежина се забележува и меѓу седумгодишните деца, каде што во период од 2010 и 2019 година е зголемена особено кај девојчињата, од 30,9 проценти на 30,8 отсто, покажуваат податоците од извештајот.

Загадениот воздух е главен фактор на ризик за респираторни заболувања кај децата, велат од СЗО. Земјата има едно од највисоките нивоа на загаденост на воздухот во Европа, особено во главниот град Скопје. Согласно податоците од извештајот, во 2019 годинасе проценува дека еден од седум смртни случаи (13,7 проценти) во државата се должи на лошиот квалитет на воздухот.

Преваленција на респираторни состојби, не вклучувајќи зарази или пневмонија е особено висока кај децата на возраст од 0 до 14 години. Во 2019 година, 39,8 отсто од морбидитетот кај децата е поврзан со болести на респираторниот систем. Од СЗО велат дека децата од предучилишна возраст во урбаните средини имаат двојно поголеми шанси да развијат болести на респираторниот систем од оние во руралните средини.

Четиринаесетте нови извештаи беа претставени на 72-та седница на Регионалниот комитет на СЗО за Европа во Тел Авив, Израел на 12 септември годинава. Секој извештај содржи најнови информации за земјата во однос на организацијата на здравствениот систем, стратегиите за финансирање и финансиска заштита, пристапот до ресурси и услуги, подобрувањето на здравјето на населението, стратегиите за антимикробна резистентност и напредокот кон исполнување на Европската програма за работа на СЗО.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 26 минути

Во Гостивар приведувања заради семејно насилство и марихуана

Гостиварпред 2 часа

Околу 160 возачи во Гостивар казнети лани оти не пропуштале пешаци

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода маж, за еден месец извршил 5 кражби во куќи во Гостивар

Вестипред 5 часа

Астероид синоќа мина близу Земјата

Македонијапред 6 часа

Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Делови од Гостивар утре без струја по неколку часа

Занимливостипред 18 часа

Јадрото на Земјата речиси и не се врти

Гостиварпред 21 час

„Ласкарци“ – Тензично на рочиштето за супервештачење, дофрлања и приговори

Македонијапред 22 часа

Најавена реконструкција на сите споменици од НОБ

Македонијапред 23 часа

ДСР со реакција: Дали некој од Владата го посетил претепаниот Ром, Ерсој?

Македонијапред 24 часа

Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар презентирани можности за културни проекти финансирани од ЕУ

Занимливостипред 5 дена

Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни

Занимливостипред 2 недели

Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот

Гостиварпред 1 недела

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Македонијапред 6 часа

Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава

Што, како, каде?!пред 2 недели

Супер акција во продавниците на FLAIR во Гостивар и Тетово – „Плати 2 Земи 3“

Гостиварпред 1 недела

Роберт Исаиловски го извади крстот положен во Вардар на Богојавление во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Традицијата во Гостивар продолжува-Сучење на врвката за градскиот крст

Гостиварпред 1 недела

Бејта: Артан и Талат во соработка со Валдет наредија да се разреши Јакупи од директор на болницата во Гостивар незаконски

Гостиварпред 1 недела

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Македонијапред 2 недели

Силен земјотрес близу Тирана, почувствуван во Македонија

Гостиварпред 1 недела

Гостивар подготвен за достоинствено чествување на Богојавление Водици

Гостиварпред 2 недели

Апсење ноќеска во Гостивар, пронајдени 20 пакувања хероин и кокаин

Гостиварпред 2 недели

Повреден малолетник со остар предмет во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2023 во Гостивар-Ангелчињата ги стоплија срцата на христијаните

Гостиварпред 4 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостивар последната вечер во оваа година

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 3 месеци

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 3 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 4 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 4 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 5 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 5 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 6 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 6 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена