Поврзи се со нас

Гостивар

Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја

Објавено

на

Археолошкиот локалитет „Борче“, кој се наоѓа на километар од Ниќифорово крие древни тајни во насока на уште една потврда за називот на Македонија како „библиска земја“. Мештаните три децении се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон ова не многу познато и недоистражено верско и културно богатство, за да се приберат податоци, но и соодветно да се заштити и промовира. Локалитетот е прогласен за споменик на културата во 1992-та година. Тука, изминатите триесет години се откриени темели на ранохристијанска базилика, која се смета дека датира меѓу 5 и 6 век, потоа темели на градби и некрополи.

Чекорите се мали, бараат труд, посветеност и време, но се значајни и не треба да запрат. Последниот во тој правец е реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на кровот на црквата „Свети Пантелејмон“ што се наоѓа на локалитетот.

Работите почнаа да се изведуваат во август, а се заокружија месецов со запазување на заштитно конзерваторските услови определени од Управата за заштита на културно наследство на барање на Македонската православна црква, Тетовско-гостиварска епархија. Ова православно светилиште е можеби најстариот ранохристијански манастир во Мавровско-реканскиот крај, со голема верска и просветителска улога, особено во времето на Свети Климент Охридски и неговите ученици.

За храмот публицистот Владо Kочоски од Тетово во 2020-та година ја издаде монографијата „Тајната на манастирот Свети Пантелејмон“.

Владо Кочоски, К&МТ – 29.02.2020

Актуелно покрената е нова иницијатива за изработка на соодветен стручен елаборат за локалитетот, со кој можно е да се потврди дека е дел од сложен манастирски процес. „Иницијативниот одбор на Граѓанското здружение предводено од претседателот професор-доктор Златко Богдановски, инженер Ванчо Алексоски и Тане Арсоски заедно со Јордан Трајков сопственик на винаријата Попова Кула од Демир Капија, со амин на жителите на село Ниќифорово, ја продолжуваат активноста започната во 1989 година, кога при ударничко преуредување на месноста и црквата Св Пантелејмон откриваат некропол и скелет на маж висок околу 160 сантиметри. Чувствата и одговорноста кон сакралното богатство, неимарските изведби на црквите и манастирите од времето на нивното втемелување е уште еднаш повторен спој на љубовта на жителите од овие краишта кон вербата кон Господ низ традицијата како патоказ кон иднината, овојпат како организирана структура во својство со потребите за истражувачко проектирање со Барање за целосна опсервација на објектот и опкружувањето со пошироки дијагностички резултати во името на духовните и архитектокнско – историските потреби.“, подвлекуваат од Еко промотивен центар Г.Г.Доситеј-Маврово.

Посериозни и детални истражувања на „Борче“ и црквата „Св.Пантелејмон“ кај Ниќифорово треба да дадат одговор на важни прашања и поткрепа на сознанијата дека тука се одвивала просветителска дејност и се препишувале црковни книги.

[rev_slider alias=”comparison-slider1-1″][/rev_slider]

(Ротирајте го уредот хоризонтално за максимален ефект на фотографијата)

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
видео емисиипред 26 минути

Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања

Македонијапред 6 часа

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Македонијапред 9 часа

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Македонијапред 11 часа

Од утре започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Вестипред 13 часа

Про-руската партија СМЕР ССД победи на парламентарните избори во Словачка

Рецептипред 1 ден

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Гостиварпред 1 ден

Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk

Занимливостипред 1 ден

На денешен ден..

Македонијапред 2 дена

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена