Поврзи се со нас

Македонија

Николоски: Поднесовме иницијатива за гласање недоверба на Владата

Објавено

на

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска објави дека тие заедно со пратениците од АА и Алтератива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на Владата. Според него, оваа иницијатива ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок да закаже седница односно најдоцна до четврток и да се гласа недоверба на Владата.

-Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани, тие за секој одминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлацијата и афери кои се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде на локалните избори, коишто всушност беа референдумско изјаснување против сегашната влада и нејзините политики, се наведува во образложението, како што посочи Николоски.

Како што рече, останувањето на оваа влада без кредибилитет и јасна мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на напластените проблеми, ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со еконоската криза, енергетскиот шок, ковид тенденциите кои се загрижувачки.

-Изминативе пет години се доказ дека оваа Влада владее со конфликти и не оддалечува од ЕУ само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегиите коишто безмилосно ги уживаат функционерите на власт. Не се грижат ниту за државата, ниту за народот, ниту за приближување на државата во ЕУ. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси назад, прочита, меѓудругото, Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ искажа уверување дека очекува недовербата на Владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од АА. Тој рече дека тие се во преговори за поддршка со уште неколку други пратеници.

-Доколку во моментов треба да се гласа доверба на Владата очекувам да има 61 плус односно во тек се интензивни преговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на Владата ќе ја потпишат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.

Коментирајќи ја изјавата на пратеникот Реџепи од Алијанса на Албанците, тој рече дека била јасна и оти не треба да се вади од контекст, а тоа е дека тој ќе поддржи недоверба на Влада.

-Ние високо ја цениме работата на пратеникот Скендер Реџепи. Сметаме дека се работи за чесен човек, за наш пријател, човек со кој што соработуваме. Мислам дека неговата изјава беше јасна и не треба да се вади од контекст, а тоа е дека тој ќе поддржи недоверба на Владата, односно нема да продолжи да функционира Владата СДСМ-ДУИ, изјави Николоски.

Во однос на формирање нова Влада или евентуални нови брзи избори, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е нешто што ќе се разговара после четврток.

-Треба да седнеме со нашите партнери и да видиме кои се нашите програмски определби на сите што сакаат да се формира политичка влада или за брзи избори, рече Николоски.

Доколку можат да се вклопат политичките програми на партиите што можат да состават мнозинство од 61 пратеник секако дека може да се оди кон политичка влада, а, како што рече, доколку интересите на пратениците се брзи избори, ќе се оди кон избори. Сепак, тој нагласи дека тоа е чекор два и чекор три.

-Чекавме осум дена по најавата премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, рече Николоски.

Објаснувајќи ја постапката по евентуално изгласување недоверба на Владата, Николовски рече дека потоа претседателот на Собранието Талат Џафери е должен веднаш да го извести претседателот на државата дека е изгласана недоверба со цел тој да го искористи уставно дадениот рок од десет дена за да додели мандат на тој што ќе прикаже 61 или повеќе потписи на пратеници.

Според Николовски ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за НАТО и за ЕУ се познати и јасни.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 5 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 19 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена