Вести
Ништо од буџетот на Гостивар – долги напнати дебати и одложена седница
Општина Гостивар остана без буџет за 2018-та година и по денешната седница на Советот, на која Предлог-буџетот беше прва точка на дневен ред. Советниците најпрво два часа го „пеглаа“ дневниот ред, предлагаа, додаваа и изземаа точки, а потоа влегоа во жестока и долга дебата за буџетот. Во текот на маратонската седница која почна во 10, а заврши после 16 часот, беа дадени неколку паузи за координација. Сепак, на крај не дојде до заеднички јазик и седницата беше одложена.
Градоначалникот Арбен Таравари од говорницата во општинската сала неколкупати повика предлог-буџетот да се стави на гласање онака како што е склопен од страна на општинските буџетари, а за предлозите кои беа изнесени, дополнително да се дискутира и да се вметнат. Од друга страна, советничките групи на ДУИ и на СДСМ бараа најпрво да се гласа за нивните предлози да влезат во буџетот, а потоа за документот во целост. Откако и по последната пауза за координација од 40-тина минути не успејаа да се договорат, градоначалникот и координаторите на советничките групи се вратија во салата и објаснија дека седницата се одложува. Најавија средби и координирање во следните денови, па продолжување на расправата за буџетот во Советот.
Предлог буџетот на општина Гостивар за 2018 година е во висина од околу 17 милиони евра. Доколку не се изгласа до 31 март, постои можност за нови локални избори за членови на советот. Општината моментално се финансира преку мерка „времено финансирање“, што дозволува користење на една третина од буџетот за истиот период лани.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди