Поврзи се со нас

Гостивар

Ништо од изборите за градоначалник на Маврово Ростуше

Објавено

на

Изборите за градоначалник на Општина Маврово Ростуше официјално се распишани за 17 април, но процесот се комплицира по последните случувања и реакции од двете партии кои се најголеми претенденти за градоначалничката позиција.

Пред неколку дена од ВМРО ДПМНЕ излегоа со став дека нема да учествуваат на изборите, појаснувајќи ги своите причини.

„Потценувачкиот однос на власта на СДСМ кон Општина Маврово Ростуше се гледа не само по фактот што општината во моментот нема избран градоначалник, туку и по тоа што за прв пат во историјата на државата самоволно, без било каква консултација со најголемата политичка партија во државата ВМРО-ДПМНЕ распишаа избори за 17 април, иако и самите знаат дека такви избори нема да успеат во целост.  Што би се рекло, свесно и насилно туркаат процес кој знаат дека нема да успее, но и за кој свесно ќе се трошат пари на народот во ек на општа инфлација и поскапување. ВМРО-ДПМНЕ на такви избори кои се распишани без претходна согласност и консултација нема да учествува, и не само поради тоа што се распишани без претходна консултација, туку и поради фактот што и таквите избори нема да бидат успешни пред се поради иселувањето кое е масовно поради погрешните и погубни политики на владата. ВМРО-ДПМНЕ е отворено да разговара за заеднички датум за избори,и успешни избори затоа што сме фактор на одлучување кој не може ниту Талат Џафери ниту Ковачевски да го заобиколуваат, и затоа што го преставуваме гласот на мнозинството од граѓаните во Маврово Ростуше. За да не се прават дополнителни трошоци најдобро ќе биде да не се влегува во уште едно скапо платена авантура и СДСМ да го повлече својот кандидат.

Тоа е единствениот чекор за излез во ситуацијата во која сами дојдоа. И еден добронамерен совет, СДСМ да се подготви за мирна транзиција на власта во Маврово Ростуше.“, соопштија од партијата.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува на априлските избори, од СДСМ го оценија како неодговорност и нивниот кандидат и актуелен повереник Медат Куртовски ја повлечеа кандидатурата.

„Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично. А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат. Ова почитувани сограѓани, е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше. Ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет. Сакам да се заблагодарам на сите колициони партнери кои се потпишаа и застанаа зад оваа моја кандидатура. Исто така се заблагодарувам и на сите нашинци од дијаспората кои изразија подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори. Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни. Заедно со нашите граѓани, со дијаспората, го чекаме следниот термин за изборно соочување а дотогаш оставаме на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник.“, изјави Куртовски.

Локалните избори 2021 за челник на општината Маврово-Ростуше беа неуспешни затоа што не беше исполнет законскиот услов за излезност од една третина од вкупниот број на запишани избирачи.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена