Гостивар
Низ Гостивар поставени 60-тина нови контејнери за отпад
На различни локации на територијата на гостиварската општина прераспределни се вкупно 59 нови контејнери за отпад. Како што соопштија од ЈП „Комуналец“, контејнерите се стратешки поставени за да се подобри хигиената и ефикасноста на подигнување на комуналниот смет.
„Продолжувајќи со својата посветеност за подобрување на услугите за управување со отпад, „Комуналец“ се снабди со 59 нови контејнери за комунален отпад. Оваа акција следува по успешната инвестиција во нови камиони, што го означува тековниот напор за модернизација на градската инфраструктура за управување со отпад. Овие нови контејнери за отпад се стратешки поставени низ целата општина, со што се подобрува ефикасноста на собирањето отпад и се овозможува одржување на почисти јавни простори.“, наведуваат од претпријатието.
Новите контејнери се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија