Поврзи се со нас

Музика

Низ Македонија се одбележува роденденот на Тоше Проески

Објавено

на

На денешен датум, 25 јануари 1981 година роден е Тоше Проески, прерано починатиот музички миленик на македонската публика. Неговиот роденден традиционално ќе биде одбележан со голем број хуманитарни, музички и спортски настани кои ќе се одржуваат во Крушево, Битола, Скопје. По петнаесетти пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големата музичка ѕвезда, Тоше кој и самиот беше крводарител.

Својата кариера Проески ја започна со настап на „Мелфест“ во 1997 година. Потоа се редеа хитовите:  „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“  „Остани до крај“…Ја претставуваше Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, со песната „Ангел си ти (Life)“.

Истата година беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што го освои срцето и на публиката во регионот.

Проески има објавено десетина албуми на македонски, српски и хрватски јазик. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Тоше беше добро познат по својата хуманост и скромност поради што уживаше висока почит и љубов од народот.

Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена