Гостивар
Низа активности во чест на 11 Октомври во гостиварската гимназија

Гимназијалците и професорите од средното општинско училиште Гостивар, го одбележаа државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, со повеќе активности, кои беа организирани во текот на изминатата недела.
Во спортската сала се одржа пријателски турнир во кошарка со екипи ученици од деветто одделение од основните училишта. Децата имаа можност да го покажат натпреварувачкиот дух и спортските вештини, но и да се дружат меѓусебно, а организаторите на учесниците им доделија благодарници.
Во чест на 11 Октомври во училишниот хол поставен е ѕиден весник на кој преку фотографии се потсетува на историски моменти и личности од Народноослободителната борба.
Освен тоа, во рамки на одбележувањето се одржа читање на реферат со кој гимназијалците се потсетија на значењето на Денот на народното востание, како и претставување со музика.
„Историјата е минато, сегашност и иднина на секоја генерација!“, порачаа гимназијалците од Гостивар.
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година