Поврзи се со нас

Гостивар

Низа хуманитарни настани во чест на д-р Трајче Нешковски, ќе биде откриен и мурал со неговиот лик

Објавено

на

    Во духот на негување на хуманоста и солидарноста, во Гостивар ќе се одржат тридневни хуманитарни активности во чест на прерано починатиот д-р Трајче Нешковски, кои веќе традиционално ги организира здружението на граѓани што го носи неговото име.

    Настаните почнуваат на 18-ти октомври (петок) со хуманитарна музичка вечер во Боа бар. Најавен е настап на Дорис Димовска, Саундчек и Бени и Нон Стоп. Во сабота пак, ќе се спроведе крводарителна акција во Службата за трансфузиологија, како и забавна детска програма на градскиот плоштад. Во недела ќе биде откриен мурал со ликот на д-р Трајче во Малеарди, со музички настап на Мјузик Вива, по што на игралиштето во населбата ќе следува меморијален турнир.

    „Ве покануваме да присуствувате на сите настани и со Вашето учество да помогнете во намерите на здружението и оваа година да помогне онаму каде што е најпотребно. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност. Ако човекот живее онолку колку што се спомнува, тогаш Трајче живее секој ден.“, наведуваат од здружението.

    Собраните средства од настаните ќе бидат наменети за: престој во градинка за децата на самохрани родители, потребни помагала за жените борци против ракот на дојка и реновирање на детското игралиште во Малеарди.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена