Гостивар
Ноќеска во Гостивар фатени 7 пијани возачи

Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска од 22 до 4 часот спровеле акциска контроли за санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата се откриени и санкционирани вкупно 14 возачи (ТЕ-7 и ГВ-7) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 3 возачи (ТЕ-2 и ГВ-1) е утврдено присуство од еден и пол до два промили алкохол во крвта.
Полицијата известува дека сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Санкционирани, исто така, биле и 11 други видови прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не консумираат алкохол ако возат затоа што со тоа тие ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
СВР Тетово, исто така, предупредува и советува да не се вози пребрзо надвор и во населено место.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!