Здравје и убавина
Нормални вредности на пулсот во мирување според возраста
Исто како што здравиот крвен притисок, односно она што го сметаме за нормални вредности на крвниот притисок, се менува со возраста, така и нормалното отчукување на срцето при мирување се менува со возраста.
Колку сте помлади, толку е побрз вашиот пулс, а се забавува како што стареете. Отчукувањата на срцето во мирување (мерено во отчукувања во минута) се мери со ставање на прстите (но никогаш палецот) на вратот или зглобот, каде што го чувствувате пулсот.
Ова треба да го правите повеќе од еден час по вежбање или пиење кафе и треба да седите мирно пет до десет минути пред да го измерите пулсот.
Земете го пулсот за 30 секунди и помножете го бројот со два за да ги добиете вашите отчукувања во минута во мирување. Попрецизно ќе го измерите пулсот во мирување ако го правите тоа неколку пати во текот на неколку дена, во различни периоди од денот.
Нормален пулс за сите возрасни групи
- Новороденчиња (од раѓање до четири недели) – 100 до 205 отчукувања во минута
- Бебиња (од четири недели до една година) – 100 до 180 отчукувања во минута
- Мали деца (од една до три години) – 98 до 140 отчукувања во минута
- Деца од предучилишна возраст (три до пет години) – 80 до 120 отчукувања во минута
- Училишни деца (од пет до 12 години) – 75 до 118 отчукувања во минута
- Адолесценти (од 13 до 18 години) – 60 до 100 отчукувања во минута
- Возрасни (18+) – 60 до 100 отчукувања во минута
Кога треба да се грижите за пулсот?
Отчукувањата на срцето може да се менуваат секоја минута и што е нормално за секој човек е различно, во зависност од возраста и здравјето.
Сепак, пулсот над 100 отчукувања во минута во мирување е пребрзо за повеќето луѓе и може да биде знак за инфекција, анемија или хиперактивна тироидна жлезда.
Од друга страна, пулсот во мирување помал од 60 отчукувања во минута укажува на тоа дека сте или во одлична форма или доколку се придружени со симптоми како замор и несвестица, дека треба да посетите лекар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград