Вести
Нотр Дам ги преживеала двете светски војни без да биде оштетена

Катедралата Нотр Дам, која вечерва гори во срцето на Париз преживеала две светски војни без позначајни оштетувања. Последен пат кога претрпела поголемо оштетување било за време на радикалната фаза од Француската револуција (1789-1799 година), а била обновена во текот на XIX век. Познатиот писател Виктор Иго, кој важел за голем обожавател на катедралата, го напишал романот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ со намера да се подигне јавната свест за важноста на културно-историското богатство и успеал во намерата. По фантастичкиот успех на романот, следела кампања за собирање на средства за обнова на катедралата.
Податоците зборуваат дека Нотр Дам годишно ја посетуваат околу 13 милиони посетители и верници од сите страни на светот.
Огромниот пожар во катедралата вечерва го гаснат 400 пожарникари. Светската јавност е потресена и со внимание се следи кои ќе бидат штетите од културно-историско значење, од оваа трагедија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден