Поврзи се со нас

Гостивар

Нов младински центар во Гостивар – поддршка за вработување и бизнис идеи на младите

Објавено

на

Во Гостивар денес официјално беше пуштен во употреба Младински Ресурсен Центар. Станува збор за иновациски центар за обуки и едукации кои на младите треба да им помогнат за вработување и самовработување, со фокус на работните места на иднината. Ова е трет центар наменет за младите во Гостивар.

„Како општина многу важно е што имаме младински центри, ова е трет што се отвора во последните години во Гостивар. Може да се види дека ги поседува сите елементи да биде функционален, не само за младите од Гостивар туку и за сите млади во Полог. Условите се фантастични, ќе има одржливост и може да гарантирам дека ќе ја има целокупната поддршка на Општина Гостивар.“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

На отворањето присуствуваше министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска.  „Поддршката на младинските центри е одраз на посветеноста на Владата, особено на Министерството за труд, за поддршка на младите и на нивната креативност. Младинскиот Ресурсен Центар во Гостивар дава можност и поддршка младите да ја развиваат својата креативност и бизнис идеи и понатаму да ги развиваат во вистински бизниси, заедно со сите чинители да учествуваат на пазарот на трудот. Дека Полошкиот регион има сериозен потенцијал за развој на бизниси покажуваат резултатите од оперативниот план за активни мерки, со кој биле отворени 231 нов бизнис, од кои 83 бизниси се основани од млади.“, изјави министерката.

Центарот е поддржан преку проектот на Швајцарска агенција за развој и соработка „Креирање на можности за работа за сите – главна фаза“, спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

„Задоволството е големо да се биде дел од инаугурацијата на овој центар. Младите се моторот на иднината и предводници на промените. Овој центар е место каде може младите да се обучуваат, да разменат знаење и идеи и да се развиваат понатаму.“, нагласи Амбасадорката на Швајрација, Сибил Сутер Тејада.

„Ова е креативен и динамичен центар за младите од целиот регион. Сакам да им порачам – земете ја иднината во свои раце, со промените и работата ќе постигнете да живеете во земја според вашите желби.“, порача Нарин Сакахјан, претставник на УНДП.

Партнер на Младинскиот ресурсен Центар е Универзитетот на Југоститочна Европа. „ „Мило ми е што сме дел од овој проект со обука на младите луѓе. Сакам да ги охрабрам сите млади од 18 до 29 години да се вклучат и нивните идеи да ги преточат во реалност.“, рече ректорот на Универзитетот Абдулменаф Беџети.

Младинскиот ресурсен центар е сместен во објектот на поранешниот колеџ во Гостивар.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 2 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 3 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 6 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 7 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена