Гостивар
Нов потфат на сопружниците Зендели од Гостивар, го искачија највисокиот врв во Иран

Ајфер и Керамедин Зендели од Гостивар остварија уште еден свој планинарски сон. Сопружниците кои се пасионирани вљубеници во природата и планините, вчера го искачија највисокиот врв во Иран, Дамаванд, на 5.671 метар надморска висина.
„Ајфер и Керамедин успешно го посетија највисокиот врв во Иран и го развиорија знамето на Општина Гостивар на врвот“, информираше Исмет Шурбан, планинарски водич од планинарското друштво Шари од Гостивар, во кое Зендели членуваат долги години.
Дамаванд се наоѓа во северниот дел на Иран, на околу 100 километри североисточно од Техеран и важи за значајна планинарско-алпинистичка атракција.
Инаку, брачниот пар Зендели во февруари годинава го искачија највисокиот врв во Африка и еден од највисоките во светот Ухуру, на планината Килиманџаро.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022