Гостивар
Нов протест во Гостивар: Поништете го поскапувањето на струјата, граѓаните се осиромашени и погодени од криза…

И ова петочно попладне во Гостивар се организираше протестен марш во знак на револт и незадоволство од зголемувањето на цената на електричната енергија.
Граѓаните се собраа пред објектот на ЕВН, и маршираа преку булеварот „Браќа Ѓиноски“ до зградата на претставништвото на ЕЛЕМ, ХЕЦ „Маврово“.
Ги повторија ставовите и барањата: да се поништи одлуката за поскапување на струјата, цената да се намали, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика, да се формира независно тело што ќе ги разгледува жалбите на граѓаните од енергетските компании, да се изнајде начин да им се простат долговите за струја на социјалните семејства.
„Како може во ова време на пандемија, кога сите граѓани се погодени од криза и владее сиромаштија, да се носи одлука за поскапување на струјата. Се надеваме дека надлежните ќе се преиспитаат и ќе одговорат позитивно на нашите барања“, беше речено во обраќањето пред присутните.
Ова беше седми по ред од серијата протести во Гостивар, што ги организира навивачката група Кастриоти. Тие најавија дека во наредниот период за барањата ќе се организира и петиција и ќе се преземат чекори тие да се разгледат преку институциите.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!