Поврзи се со нас

Гостивар

Нов сет антикризни мерки: За фирмите пари за плати или бескаматни кредити

Објавено

на

Владата го донесе петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, кој содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Продолжува дражваната помош за плати, но компаниите имаат опција наместо тоа, да користат бескаматни кредити.

„Првата мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во висина од 1 милијарда и деветстотини и дваесет милиони денари за месеците февруари и март 2021 година со опфат од околу 60.000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 – значи три исти месеци се споредуваат со три исти месеци пред една година. Мерката број еден е опциона и компаниите имаат избор да ја користат или неа, или мерката 2 – кредити со 0% камати за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи и слично, преку Развојната банка на Северна Македонија. Оваа мерка е во висина од 615 милиони денари и за неа може да се аплицира во текот на 2021 година. Оваа мерка се однесува и на Самостојните вршители на дејност и на Приватните здравствени установи. Во зависност од вкупниот поголем обем на работа и зголемената добивка ќе имаат можност компаниите  да добијат скалесто неповратен дел од кредит од 30% до 50% од самиот кредит.“, соопшти премиерот Зоран Заев.

Со петтиот сет опфатени се и радијата и телевизиите. 120 радиодифузери, односно радија и телевизии кои имаат активни концесии за емитување на радио и телевизиска програма ќе бидат ослободени од годишната давачка за концесијата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 51 минута

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 51 минута

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 2 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 3 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 5 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 7 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена