Гостивар
Нов случај: Младо момче од Гостивар заразено со ХИВ

По четири години во Гостивар е регистриран нов случај на пациент со ХИВ вирус. Од епидемиолошката служба потврдија дека станува збор за машко лице на возраст од 19 години, кое вирусот го добило по хомосексуален пат. Лабораториското тестирање, кое покажало позитивни резултати за ХИВ, пациентот го извршил во Скопје. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, гостиварецот како нов случај на ХИВ е евидентиран во јули. Во истиот месец, има уште три други ХИВ позитивни лица и сите се од Скопје.
Првите три случаи на болни од СИДА во Гостивар се регистрираа во 2005 година. Потоа наредната година се регистрираше уште еден болен од СИДА, а во ноември 2011 беше потврден позитивен случај на лице заразено со ХИВ. Последните два хив позитивни случаи, пред годинешниот, на гостиварското подрачје беа едвидентирани во март 2016 година. Од четирите заболени од СИДА, едно лице е починато. Во однос на полот четири лица се од машки, а три се од женски пол. Во однос на начинот на заразување, шест се заразени по хетеросексуален начин, додека еден – од мајка на дете.
Првиот ХИВ позитивен случај во Македонија е регистриран во 1987 година. Според податоците од ИЈЗ во земјава со ХИВ/СИДА моментално живеат 329 лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите