Гостивар
Нов случај на ХИВ/СИДА кај лице од Гостивар, вкупно се 13

Едно лице од Гостивар е меѓу осумте нови регистрирани со ХИВ/СИДА во земјава, во текот на месец август. Институтот за јавно здравје во августовскиот извештај за заразни болести наведува дека минатиот месец, во земјава пријавени се 8 случаи на ХИВ/СИДА, од кои 3 лица се странски државјани.
„Од пријавените лица, 6 се од машки, а 2 од женски пол. Четири лица се од Скопје (вклучително и странските државјани), две лица од Охрид и по едно лице од Гостивар и Струга. Лицата се на возраст од 21-55 години. Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две заболени лица се припадници на МСМ популацијата (мажи што имаат секс со мажи).“, стои во извештајот.
Со новопотврдениот случај, вкупната бројка на пациенти со ХИВ/СИДА во гостиварско изнесува тринаесет. Првите три пациенти болни од СИДА во Гостивар се регистрираа во 2005 година. Потоа наредната година се регистрираше уште еден заболен, а во ноември 2011 беше потврден позитивен случај на лице заразено со ХИВ. Два хив позитивни случаи на гостиварското подрачје беа едвидентирани во март 2016 година, и по едно хив позитивно лице во 2019-та, 2021-ва и 2022-ра година. Во мај годинава беа потврдени два случаи.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.08.2023), вкупниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 620, и тоа: 123 лица починале и 497 лица живеат со ХИВ/СИДА.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден