Гостивар
Нов случај на семејно насилство во Гостивар, приведен 35 годишник
Полицијата регистрира уште еден случај на семејно насилство во Гостивар. Вчеравечер (23 декември) околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.Т. на возраст од 35 години, кој претходно физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, соопшти СВР. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.
Во гостиварската полицијата изминатиот период зачестија ваквите пријави кои укажуваат на семејно насилство. Стручните лица подвлекуваат дека пандемијата го направи своето, кај поголемиот дел од граѓаните расте стресот, излегуваат на површина недоразбирањата и тоа може негативно да влијае врз однесувањето на поединци. Отворено да се зборува за оваа појава и случаите да се пријавуваат, советуваат тие.
Податоците кои се однесуваат на државно ниво покажуваат дека семејното насилство во првите шест месеци од годинава пораснало за околу 7,5 проценти споредено со истиот период лани. Регистрирани биле вкупно 824 случаи, во кои жртви биле, 611 се жени, 140 мажи и 73 деца.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар