Бројот на новозаразени со коронавирус во регионот на Гостивар изминатиот период опаѓа, но црна е последната статистика за смртни случаи. По вчерашниот починат 41 годишен пациент, Министерството за здравство денес потврди уште една жртва од гостварското подрачје, на возраст од 55 години. Со ова вкупната бројка на починати пациенти како последица на ковид во регионот достигна 41.
Во продолжение извештајот на МЗ за состојбата со коронавирус.
Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 9
-Дебар 1
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Гостивар 1
-Гевгелија 12 (странски државјани)
-Струмица 1
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Делчево 1
-Кратово 1
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73 г), Струга (79 г), Гостивар (55 г), Крива Паланка (63 г), Делчево (86 г) и од Кичево (74 г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:
-Скопје 171
-Куманово 15
-Штип 10
-Прилеп 15
-Тетово 2
-Велес 6
-Битола 2
-Кавадарци 4
-Гостивар 2
-Гевгелија 2
-Пробиштип 3
-Пехчево 3
-Берово 5
-Виница 1
-Свети Николе 8
-Кичево 1
-Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.