Бизнис
Нов современ физиотерапевтски центар во Гостивар „Физиотерапевт – Здравје“
Гостивар и регионот добија нов физиотерапевтски центар. Денеска се отвори Центар за масажа и одржување тело – Физиотерапевт Здравје Гостивар.
Центарот во пријатна и уникатна атмосфера нуди широк спектар различни услуги и масажи, за лице и за тело, големиот број третмани за мажи и жени, за подмладување, релаксирачки или спортски.
Со центарот раководи дипломиран стручен физиотерапевт Илија Жежов, кој долгогодишното искуство одлучи да им го стави на расплагање и на гостиварци.
„После 11 години работа во Скопје, сметав дека и на Гостивар му е потребен ваков физиотерапевтски центар, каде гостиварци ќе можат да уживаат во повеќе видови на масажи, медицински третмани, да добијат стручна помош и високо професионална услуга. Центарот нуди повеќе од 40 видови на масажи и третмани, каде клиентите ќе имаат можност за консултација и детално да се информираат за нивната состојбата, терапијата или масажата која ја добиваат. Целта на центарот е да се помогне на луѓето во проблематиката со секојдневните здравствени заболувања како што се спондилоза, ишијалгија, дископатија, дискус хернија како и други проблематики кои спаѓаат под физиотерапевтската хумана помош.“, вели Жежов.
На отворањето присуствуваа голем број на пријатели, познаници, клиенти кои се интересираа за услугите на Физиотерапевт Здравје Гостивар. Центарот е опремен со сето она со што може да им се помогне на луѓето кои ќе се обратат овде.
Центарот за масажа и одржување тело Физиотерапевт – Здравје Гостивар се наоѓа на улица „Илинденска“ бр.174. За закажување термини и информации може да се обратите на телефонскиот број: 078 220 785.
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар