Поврзи се со нас

Македонија

Нов тарифник, зголемени цените на геодетските услуги

Објавено

на

    Во сила е нов Тарифник за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, со кој, како што изјавуваат од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се врши изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги.

    Владата на седница на 30 јануари дала согласност за новиот Тарифник  усвоен од Управниот одбор на АКН, по што на 7 февруари е објавен во „Службен весник на РСМ“ бр.28 и се применува од 15 февруари.

    Според Катастарот, зголемувањето на цените се јавило како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

    „Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници“, изјавија од АКН за МИА.

    Новините и промените во Тарифникот за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи главно се однесуваат на коригирање на цените.

    „Со овој Тарифник се утврдува надоместот за геодетско катастарски услуги кои го наплаќаат Трговците поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи на Република Северна Македонија за да се испорача квалитет на конкретна услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат. Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско катастарските работи, согласно Законот за катастар на недвижности. Зголемувањето на цените се јави како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи“, појаснуваат од АКН.

    Оттаму оценуваат дека надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско-катастарските работи согласно со Законот за катастар на недвижности.

    Во висината на надоместоците од правилникот не се пресметани трошоците за користење податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додена вредност.

    Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи надоместот за извршените геодтески работи пропишан со овој тарифник можат да го намалат најмногу до 50 проценти.

    Комората на трговски друштва за геодетски работи во декември лани на прес-конференција побара да се донесе новиот трафиник за работа на приватните геодетски компании.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 12 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 13 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 19 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 20 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 23 часа

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 2 дена

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена