Гостивар
Нова библиотека и кабинети во техничкото училиште во Гостивар

Во средното техничко училиште во Гостивар денес беа промовирани нова библиотека и нови кабинети по информатика.
„Се работи за три кабинети по информатика опремени со 40 нови компјутери. Минатата недела бевме во гимназијата, каде исто така промовиравме нови кабинети. Може да кажам дека и во медицинското училиште интензивно се работи за подобрување на условите за учениците. Гостивар дефинитивно добива училишта кои имаат достоинствени услови за децата. Ако споредиме какви беа училиштата пред 4 години, какви се сега, јасно е дека имаат друг изглед“, рече градоначалникот Арбен Таравари, кој беше во посета на училиштето.
Тој најави дека утре ќе започнат работи во училиштето во Чегране, каде ќе се гради нов кров и ќе се уредува фасадата, а наскоро се очекува да започне и уредувањето на фасадата на објектот на ОУ „Гоце Делчев“ во градот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар