Поврзи се со нас

Гостивар

Нова фасада и прозорци во училиштето во Циглана

Објавено

на

    Подобрени се условите за учениците и наставниците во основното училиште во гостиварската населба Циглана. Објектот доби нова, енергетски ефикасна фасада, а извршена е и замена на прозорците. Денес во посета на училиштето беше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

    „Ова е уште една инвестиција во правец на заштеда на електрична енергија и опфаќа нова фасада и замена на прозорци. Се надевам дека наредната година ќе успееме да направиме уште некои зафати во ова училиште, ми кажаа дека водоводот треба да се среди и тоалетите иако практично не се во лоша состојба, но мислам дека треба да се направат како што ги средивме во другите училишта последните две години, со одредени стандарди и за деца со посебни потреби.“, рече градоначалникот.

    Училиштето во Циглана функционира како подрачно на ОУ „Единство“ во Гостивар.

    „Разликата после инвестициите е видлива, условите се многу подобрени. Секако во моментот кога ќе бидеме сите подготвени ќе има и нови инвестиции“, рече директорката на ОУ „Единство“, Реџије Мазлами Јусуфи.

    Во училиштето во Циглана настава посетуваат 160 деца во пет паралелки на македонски јазик.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена