Македонија
НОВА ИЗМАМА со повици од фиктивни броеви – не кревајте на непознати од странство!

На социјалните мрежи деновиве сѐ почесто се споделуваат информации за измама со повикување на мобилен телефон од непознати броеви до странство. Всушност, станува збор за фиктивни броеви кои црпат пари. Граѓаните се збунети, оти дел од нив веќе имале искуство кога нивните сметки за телефон пораснале, откако се јавиле на ваков број. За сега, не се знае колку од граѓаните наседнале на оваа измама.
Мобилните оператори смируваат дека за појавата знаат и реагираат со блокирање на ваквите броеви, додека пак институциите предупредуваат на претпазливост и доколку има таков случај да се пријави во Министерството за внатрешни работи.
Таков повик пристигна и директно на еден од телефонските броеви во редакцијата на Gostivarpress.mk, со што може да посведочиме дека измамата е сеуште активна. Сосема случајно не наседнавме на измамата и не кренавме слушалка, а истото ви го препорачуваме и вам.
За истата измама информираа и Независен весник и порталот Plusinfo кои објавија дел од фиктивните броеви кои се користат во измамата. Еден од нив, наводно од Австрија вртеше на телефонот на Gostivarpress.mk.

Gostivarpress.mkНезависен весник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024