Гостивар
Нова кавга: ДУИ и Општина Гостивар „се фатија“ за кучињата скитници

Објавено
пред 1 месецна

Проблемот и третманот на кучињата скитници во Гостивар отвори нова кавга меѓу ДУИ и локалната власт, предводена од градоначланикот Арбен Таравари.
„Ветувања, медиума помпа, несреќни изјави, сето тоа служавме овие три години од сегашниот прв човек на општина Гостивар за справувањето со бездомните кучиња. Но, што добија граѓаните на Гостивар? Дали е решен проблемот? Дали денес има помалку кучиња скитници на гостиварските улици и помалку напади? Во предизборната кампања, актуелниот градоначалник вети дека решението со бездомните кучиња ќе се реализира уште во првата година од мандатот. Поминаа 3 години и решение нема. Ситуацијата дури се влоши и сега е алармантна. Според податоците на општина Гостивар, за оваа намена се потрошени над 80 илјади евра и проблемот сè уште не е решен. Во 2018 година, сегашниот градоначалник го промовираше отворањето на стационар за третман на бездомни кучиња. Во текот на 2020 година беше промовиран нов стационари. Тоа беше проек, од Регионална програма во Западен Балкан ReLOaD, со финансирање на ЕУ и имплементација на УНДП. Зградата на стационарот чинеше 9.000 евра. Во овој проект, Општина Гостивар кофинансираше 25 % и ги покри сите други трошоци што не се предвидени во проектот. Овие 3 години бројот на каснувања на кучиња скитници е двојно зголемен. Овие 3 години низ улиците на градот гледаме повеќе кучиња од кога било. Беа дадени ветувања, даноците на граѓаните на Гостивар беа потрошени и ефектот беше нула. Сликите од т.н. засолниште, стационар за кучиња се тажни. Ситуацијата е сурова. Едното засолниште не работи, а во другото кучињата оставнеи без светло, вода, храна и елементарни услови, 4 месеци по ред. Уште еднаш се поставува прашањето. Што стори сегашниот градоначалник во овие три години и што направи со непродуктивни трошоци од скоро 100 илјади евра. Злоупотреба на довербата на меѓународните организации, граѓанските организации и другите институции. Злоупотреба на донации. Тој направи нечовечки третман на бездомни кучиња и ова е вистински криминал со животни. Ги покануваме надлежните организации и институции кои се занимаваат со овој проблем да го кренат својот глас за оваа ужасна појава.“, истакна Валдет Џафери од гостиварскиот огранок на ДУИ.
Ваквите обвинувања се неосновани, одговорија од Општина Гостивар.
„Во врска со неоснованите обвинувања искажани на денешната прес-конференција на ДУИ – огранок во Гостивар, нагласуваме дека фактите зборуваат поинаку, бидејќи со доаѓањето на Арбен Таравари на чело на општина Гостивар, изградени се два стационари за сместување и третман на бездомни кучиња. Актуелното општинско раководство, на почетокот на мандатот во 2017 година, наследи хаос со овој проблем. Немаше акција за овој повеќегодишен проблем во градот Гостивар, но исто така и на национално ниво од страна на раководството на ДУИ. Во текот на последните три години со новото општинско раководство над 700 кучиња биле третирани, вакцинирани и оперирани. Општина Гостивар ќе продолжи со посветеност да работи на третман на кучиња скитници во Гостивар и околината. За жал ДУИ во 9 години раководење со општина Гостивар не стори ништо. Ниту една општина предводена од ДУИ не направи ништо за кучињата скитници и оваа партија нема кредибилитет да зборува за нешто што не го сторила во општините, кои ги водат нивни кадри скоро 20 години. Кучињата скитници, загадувањето на воздухот и Русино се проблеми што ги надминуваат надлежностите на Општина Гостивар, бидејќи се проблеми на регионално (меѓуопштинско) и на национално ниво, а поделена и дискредитирана ДУИ нив ги нагласува. Граѓаните сакаат конструктивност, а не демагогија и лаги. Гостивар е мал град и луѓето многу добро се познаваат!“, стои во реакцијата на о.Гостивар.
АНКЕТА:

„Дарувај Крв“ – мобилна апликација за крводарители на гостиварецот Александар Богданоски

Гостиварец пријавил измама – останал без „бмв“ , „крајслер“ и пари

Болницата во Гостивар подновена со опрема и апаратура вредна 50.000 евра

Викенд временска прогноза

Три жртви на ковид од регион на Гостивар меѓу кои и млад гостиварец

Бебешкиот плач во Гостивар се слуша и во пандемија, 583 бебиња родени лани

Светско првенство во ракомет: Македонија започнува денес против Шведска

Медицина и гимназија во Гостивар со нови кабинети и други инвестиции

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Гостиварпред 3 месеци
На онлајн час по англиски со професорката Амети во гимназијата во Гостивар…