Гостивар
Нова книга на гостиварецот Билбилоски – мудрости, совети, видувања за воспитанието и образованието

„Образованието и слободната мисла секогаш треба да се надополнуваат.„
„Родителот е првиот и најважниот учител на детето. “
„Наставникот на никој начин не смее да ја загуши љубопитноста на децата.“
Ова се дел од мислите и советите коишто ги содржи новата книга на гостиварецот Јанко Билбилоски со наслов „Умотворенија за воспитанието и образованието согледани од пет агли низ изминатите 20 години“. Сето она што го доживеал како искуство преку работата и секојдневното живеење, авторот го преточил низ страниците на делото како видувања и пораки до наставниците, родителите, учениците и сите други кои се поврзани со воспитанието и образованието.
„Во мојот дваесетгодишен работен век имав и сè уште имам можност воспитанието и образованието да го следам од различни агли и перспективи. Од позиција на наставник, од позиција на помошник раководител на сектор за основно и средно образование и воедно член на кабинетот на министерот за образование и наука, од позиција на советник вработен во Биро за разој на образование (на која позиција и сега работам), од позиција на родител и од позиција на сопруг на учителка. Реално, тоа за мене е непроценливо богатство и многу ми помагаше и сè уште ми помага во мојот професионален ангажман. Низ овие дваесет години преку моите работни ангажмани и секојдневни работни обврски, бев поттикнат да создадам повеќе од петстотини умотворенија кои сакам да ги споделам во јавноста, поточно со директните и индиректните чинители вклучени во воспитно-образовниот процес.“, вели Билбилоски додавајќи дека не постои универзален рецепт да се биде добар наставник или родител, но неопходно е да се има разбирање, посветеност, внимание, да се биде во тек со денешното време и промените кои ги носи современието.
Во рецензијата за книгата д-р Марина Димитриева-Ѓорѓиевска пишува: „Овие умотворенија се изобилство од совети и поуки, изреки и верувања за и околу постапките на наставниците. Современи гномични изрази, преточени на еден едноставен и разбирлив јазик, во стил пред се` со предзнак објаснувачки и својствен за учител“.
Свој осврт за делото има дадено и Оливера Тодороска, Советник во Бирото за развој на образованието, која наведува:„Целта на овој труд е да помогне да ги разбереме промените што се случуваат во образованието, барањата на новите планови и програми, новата наставна методологија и воведувањето на новата технологија во училиштата. Напишаното во оваа книга се чита и толкува полека, бидејќи мислите и искуствата на авторот вткаени како мали ракатки светлина во овие умотворенија уште долго ќе поттикнуваат на размислување како да се биде добар наставник, добар родител, професионален креатор и стратег на воспитно-образовната практика.“
Оваа книга е шесто по ред издадено дело на гостиварецот Билбилоски.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград