Поврзи се со нас

Култура

Нова книга од новинарот доајен Кипроски: „Македонија, мој копнеж-Манојил Мане Јаковлески“

Објавено

на

    Деновиве излезе од печат најновото дело на гостиварецот Киро Кипроски, доајен на македонското новинарство, хроничар и публицист – монографијата „Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески“. Станува збор за луксузно издание со 460 страници, во кое се наоѓаат околу 180 фотографии, од фото архивата на авторот и архивата  на зубовчанецот Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, активен член во македонските политички организации во мигацијата. Книгата содржи и околу 30 факсимили на значајни документи.

    „Монографијата ја пишував две години и го опфаќам периодот од раѓањето на Манојил во 1951 година, па до денешни дни. Уште во 1971 година, само две години по неговото пристигање во Западен Берлин, СР Германија, на работа во ресторанот „Ново Скопје“ , на неговиот брат Гојко, станува активен член на Ослободителниот комитет на Македонија, а подоцна се преименува во Движење за ослободување на Македонија, односно Движење за ослободување и обединување на Македонија. Животот му станува бурен, полн со неизвесности бидејќи како член на емигранските организаци и со неговите истомисленици со демократски средства се  бори во Македонија да се смени политичкиот и економскиот систем. Како федерална членка на СФРЈ, Македонија да се оддели, да стане самостојна, независна и обединета држава, Македонците да не бидат угнетувани во матичната држава и во соседните. Поради ваквите активности  постојано е следен од тајните служби на Југославија, неколку години имаше забрана да доаѓа во Македонија. На почетокот на 1992 година, кога започна раздружувањето на Македонија од СФРЈ, Манојил беше на листата за апсење од воената полиција на ЈНА.“, ни откри Кипроски во разговорот по повод новата книга.

    Претседателот Трајковски со делегацијата и домаќинот Манојил , Берлин 13 јануари 2000 год.

    Како една од позначајните актиавности, што Јаковлески ги организирал во Европа, новинарот ги издвојува мирните демонстрации во Берлин.

    „На 19 и 20 јуни 1991 година во Берлин беше најавен состанок на КЕБС, а основна тема на која министрите ќе дискутираат е „Новата европска „архитектура“. На Мане му предложив да организираме мирна демонстрација низ берлинските улици и пред Рајхстагот, да го кренеме нашиот глас за неправдите  што и се прават на Република Македонија, да побараме членките на Европската заедница да ја признаат Македонија под уставното име. Без двоумење идејата ја прифати и веднаш ги започнавме подготовките. Во периодот од 1991 до 1993 година, Манојил како  претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, ги организира македонските асоцијации  низ Европа, и успешно беа одржани над стотина мирни демонстрации во метрополите Берлин, Брисел, Луксембург, Виена, Женева, Гетеборг, Малме, Бон и во други градови. Со демонстрациите светската јавност беше запознаена со проблемите на Македонците во Република Македонија, преку печатените и електронските медиуми кои ревносно известуваа од демонстрациите.“, нагласи Кипроски.

    Манојил ги предводи демонстрантите низ берлинские улици

    За подготовката и создавањето на монографијата, новинарот вели: „Макотрпна работа е да се пишува монографија за личност која се уште е жива и активна во политичкиот живот. Меѓутоа, олеснителна околност е што со Мане негуваме искрено неколку децениското блиско  другарство. На многу средби, разговори со значајни личности од политичкиот, стопанскиот, културниот и спортскиот живот сум присуствувал  во Зубовце, Гостивар, Скопје, Белград, Загреб, Букурешт, Софија, Берлин, Луксембург и во други градови. Нема да бидам нескромен ако кажам дека имам  покренувано многу иницијативи и заедно со Мане заеднички ги реализиравме. Исто така, имам богата архива на документи и фотографии од многу значајни историски случувања во дијаспората и во Македонија, а за нив имам објавено и голем број на новинарски текстови во печатените и електронсктие медиуми во Македонија и Германија.“

    Оваа книга е деветто книжевено дело на Киро Кипроски. Автор е монографијата „Галичник засекогаш“,  „Манастир свети пророк Илија“ село Долно Јеловце, во 2015 година ја објави „Македонија мојот живот“ и други.

    Промоцијата на новата монографија е закажана за 1-ви февруари (петок) во 12 часот во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје. Потоа, ќе се одржат уште  неколку промоции во Македонија.

    Браќата Гојко и Манојил, со родителите, Делче и Рафаелка

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 1 час

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 11 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 16 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 18 часа

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 19 часа

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 21 час

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 22 часа

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 23 часа

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Гостиварпред 24 часа

    Центарот на Гостивар со светилки и декорација за Велигден

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена