Вести
Нова рубрика: Стручни психолошки ставови и совети
Од денес порталот Gostivarpress.mk воведува рубрика посветена на теми од областа на психологијата: здраво семејство, воспитување на деца, партнерски односи, емоционални проблеми, личен развој и слично. Текстовите ќе ги подготвува стручниот тим од Советувалиштето за брак и семејство во Центарот за социјална работа во Гостивар, а ќе ги објавуваме еднаш неделно. Стартуваме со првиот текст, кој се однесува на влијанието на семејството врз оформување на личноста на децата.
Семејството – фактор број еден во развојот на детето
Личноста на поединецот е организирана околу поимот за себе поврзан со одредени социо – културни вредности или како резултат на интеракција на поединецот со неговата специфична социо-културна средина. Развојот на сликата за себе има хиерархиски карактер. Првo се стекнува најосновниот поим за себе (примарен поим) , кој се стекнува во средината на семејната група. Останатата слика за себе (секундарен поим) се стекнува подоцна во социјалната средина надвор од домот. Секој од овие поими може да бидат поволни или неповолни и влијаат во формирањето на сликата за себе.
Поимот за себе како резултат на примарните поими имаат најголемо значење и преставуваат базична основа во формирањето на сликата за себе . Детето се раѓа во семејството и тука се формираат првите корени во градењето на личноста на детето, а следствено на тоа и формирањето на сликата за себе, семејството има значајна улога и во одржување на силата на егото на детето. Секоја дисфункција во семејството може да има сериозна последица во развојот на сликата за себе кај детето, во тој поглед многу е важен односот кој што го има детето со родителите, како и идентификацијата на детето со родителот .
На базичниот поим детето ги формира останатите поими за себе, начинот како средината ќе се однесува кон детето надвор од домот, што ќе речат за него и кој статус ќе го има детето зависи од семејната средина во која што детето расте и се развива. Детето кое располага со стабилна слика за себе има самопочитување на повисоко ниво, има помало чувство на инфериорност, манифестира помало компензаторно однесување од одбрамбена природа како што се недоверба и повлекување, отколку што е случај со децата кој што имаат негативна слика за себе .
Животот во семејството има големо влијание врз развојот на личноста на детето, начинот како ќе се живее во семејството го одредуваат родителите. Емотивната стабилност, социјалната прилагоденост е во голем степен одредена од односите кој што постојат во едно семејство помеѓу родителите како и односот родител – дете. Лошата прилагоденост на личноста на детето е поврзана со неповолниот живот во семејството. Дисфункционалните односи помеѓу родителите се тесно поврзани со преголема зависност на детето, негативизам, бес и изолирање на детето. Отфрлањето од страна на родителите е поврзано со несоцијализираноста и потиснатата агресивност, недоверба и повлекување на детето како и плашливост и загриженост.
Семејството е место каде што детето треба да ја почувствува првата љубов од своите родители. Според Карен Хорнај љубовта може да биде нормална, невротична и спонтана љубов, која преставува израз на поврзаност со мајката. Карен Хорнај вели : „Една од големите Фројдови заслуги е што енергично ги нагласил трајните впечатоци од детството , емоционалните реакции кој што еднаш ќе се појават во детството се задржуваат низ целиот живот “ . Ова јасно покажува дека сето она што детето ќе го научи во семејството , она што ќе го добие како модел од своите родители ќе биде одлучувачко во понатамошниот развој на личноста на детето. Каков склоп на личност ќе има детето и каква слика ќе изгради за себе ќе зависи од семејната атмосфера во која детето се формира како личност.
Детето мора да се чувствува безбедно додека расте, таа безбедност им ја обезбедува семејството во кое од мајката и таткото добива љубов, образование, грижа дисциплина и поттик. Кога ќе се распадне семејството се распаѓа и границата на животната безбедност. Наместо сигурност детето ќе доживее сомнеж , а наместо да живеат во стабилност ќе растат незнаејќи што може да очекуваат. Наместо да добијат безусловна љубов, се чувствуваат напуштено , наместо да живеат во семејство кое им е наклонето, нема да знаат кому да ја дадат својата наклонетост, а наместо радост, ќе ја запознаат тагата.
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа – Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија