Македонија
Нова шанса за невработените-Реобјавени огласи за грантови за отворање бизнис, практиканство…

Невработените и работодавачите добиваат дополнителна можност да се вклучат во некоја од мерките од Оперативниот план за вработување 2021. Агенцијата за вработување реобјави неколку огласи: самовработување со грант, субвенционирање на плати, практиканство, обука на работно место за познат работодавач и јавни работи. Како што информираа на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири ова биле програмите за кои изминатиов период имало најголем интерес.
„Мерките од Оперативниот план, кои се реализираат преку Министерството за труд и социјална политика и преку Агенцијата за вработување, обезбедуваат поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот на работниот однос им е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Пандемијата со КОВИД-19“, истакна Шахпаска.
Приоритет ќе им биде даден на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата.
Директорот Демири информираше дека оние лица кои веќе аплицирале за овие мерки и програми не треба да аплицираат повторно, бидејќи нивните апликации се земени предвид.
„Денеска за прв пат е објавен и јавниот оглас за Обуките за развој на дигитални вештини кои ќе опфатат 400 невработени лица и ќе ги надградат нивните вештини во областа на информациските технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот“, информираше Демири.
Огласите детално може да се најдат на веб страната на Агенцијата за вработување.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година