Вести
Нова трагедија во Србија-Кај Младеновац убиени 8 луѓе, а ранети десетина

Осум лица се убиени, а 13 се ранети во престрелката што се случи ноќеска во селото Дубони кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград.
Обвинетото лице на дваесет и едногодишна возраст бил во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, земал најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир.
Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца.
Убиени се полицаец и неговата сестра. Третото лице им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи активирана е акцијата Вихор, а сторителот Урош е во бегство и по него е распишана потерница. Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.
Како што пишува Телеграф, Урош побегнал низ две села и во таа прилика застрелал 18 лица. Според Телеграф десет лица се убиени во два села крај Младеновац.
„Урош Б. од својот автомобил „мерцедес“ по случаен избор посеал смрт. Со автоматска пушка пукал во деца, млади и жени“, пишува Телеграф.
Во близина на населбата Шепшин имало уште едно пукање, во кое полицијата најверојатно го стигнала избеганиот убиец и го опколила напаѓачот кој претходно побегнал од местото на нападот, а тој одбива да се предаде. Отворил оган врз припадниците на полицијата, а хеликоптер го прелетува подрачјето, јавуваат белградските медиуми.
Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија.
Во средата, во утринските часови, тринаесетгодишен ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум ученици и еден чувар, а рани седуммина.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение