Гостивар
Новата Амбасадорка на САД, Кејт Брнс се почести со гостиварска баклава

Новата американска Амбасадорка во земјава, Кејт Брнс ја вкуси гостиварската баклава и го пофали специјалитетот, по кој Гостивар надалеку е познат.
Амбасадорката била во Охрид, а на враќање кон Скопје поминала низ Гостивар и се почестила со парче баклава од слаткарницата Рекорд. Дека за Брнс баклавата била превкусна, беше споделено на официјалната фејсбук страна на Амбасадата на САД.
Брнс официјално стапи на функцијата Амбасадор на САД во земјава, пред неколку дена. Таа дојде на местото на Џес Бејли.
За гостиварската баклава се вели „Кој еднаш пробал парче гостиварска баклава, секогаш ќе навраќа за повеќе“. Традиционалната гостиварска баклава си има свој мајсторлук и не е нешто што може секој да го стокми како што треба. Корите се сучат рачно со сукало и треба да бидат многу тенки, проѕирни, филот е со ореви, а одозгоре се ставаат ф`стаци. И секако, шербетот мора да биде погоден, за вистинскиот шмек на ова мало благо задоволство.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди