Поврзи се со нас

Гостивар

Новата градинка во Гостивар ќе биде готова во мај, најавена изградба на уште една во 6-та Зона

Објавено

на

Гостивар ќе добие нова детска градинка во мај. Изградбата на објектот со кој се проширува  постоечката единица „Цветови“ е во завршна фаза и веќе се прават поготовките за уредувањето. Капацитетот на градинката ќе биде околу 110 дечиња, со што ќе се намали листата на чекање за упис. Утрово градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари беше на увид во работите.

„Објектот е скоро готов и се надевам дека во средина на мај ќе се промовира и ќе биде пуштен во употреба. Ние ветивме четири нови градинки, ова е веќе петтата со која   практично се додава капацитет од над 100 деца. Планираме изградба и на шеста градинка, која се надевам ја ќе започнеме за некаде 2 до 3 месеци, таа ќе биде лоцирана во Шеста зона и се надевам идната година и таа да се пушти во употреба и сите очекувања на родителите да се исполнат, односно да нема време на чекање за прием во градинките“, рече градоначалникот.

Во однос на вработувања на кадри кои ќе бидат потребни за новата градинка Таравари рече: „Постои еден грч меѓу Министерството за финансии што не одобрува нови вработувања и за образование и за градинките и ние како општина принудени сме тоа да го спроведуваме со договори, но се надевам дека во тек на оваа година ќе го решиме и тој проблем.“

Моментално во детските градинки во Гостивар згрижени се околу 640 деца, а просекот во март месец бил над 700. На листата на чекање има околу 300 дечиња.

Инаку во стариот објект на градинката „Цветови“ периодов ќе се реновираат две занимални.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена