Македонија
Нови 1.396 случаи на Ковид-19, растат бројките и во регионот на Гостивар
Од направени 11.479 тестови, регистрирани се 1.396 нови случаи на КОВИД-19, починале девет лица, а оздравени се 348 пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа најмногу позитивни случаи има во Скопје – 790, следат Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград