Поврзи се со нас

Гостивар

Нови 1.424 позитивни на корона, 214 од нив по втор пат заразени

Објавено

на

Од направени 5.604 тестови, регистрирани се 1.424 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции.

Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати.

Новите случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – осум, Виница – седум, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по пет, Делчево, Берово и Демир Хисар – по три, Кратово и Демир Капија – по два, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по еден.

Оздравените пациенти се од: Скопје – 496, Битола – 122, Куманово – 67, Прилеп – 56, Кавадарци – 39, Кичево – 32, Велес – 31, Ресен – 30, Охрид – 29, Штип – 28, Гостивар – 21, Радовиш – 20, Неготино – 18, Кочани – 17, Гевгелија – 15, Берово – 11, Свети Николе – 10, Струга – седум, Богданци и Демир Хисар – по шест, Пробиштип – пет, Виница – четири, Крива Паланка, Македонски Брод и Кратово – по три, Валандово – два, Дебар и Пехчево – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица. Шест починати лица се од Скопје на 69, 72, 77, 82, 89 и 90 години, по двајца починати од Велес на 43 и 69 години, Струмица на 65 и 66 години и Прилеп на 58 и 80-годишна возраст, и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

– Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63 до 80 години. Пријавените се починати во период од 4 јануари 2022 до 20 јануари 2022 година. Од пријавените лица, три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.

Направени се 5.604 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-177, Биотек-269, Систина-95, лабораторија Лаор-247, Синлаб-38, Ремедика-9, Плодност-108, Генеа-14, Никоб Лаб-592, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-46, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-37, Рапид Лаб–53, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–18, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.663.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 21 минута

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 60 минути

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 18 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 19 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 20 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена