Поврзи се со нас

Гостивар

Нови 100 дрвца и пролетно уредување на градскиот парк во Гостивар

Објавено

на

На подрачјето на Гостивар изминатите денови се прават активности за пролетно уредување на јавните зелени површини. Посебно се оплеменува големиот градски парк.

Екипи на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во паркот засадуваат 100 нови дрвца, а заедно со тоа се врши и одржување и косење на тревата, информираа од локалната самоуправа.

Пролетниот период вообичаено од Јавното претпријатие го посветуваат на хортикултурно уредување. Инаку, претпријатието е надлежно за уредување и одржување на вкупна зелена површина од околу 700 илјади метри квадратни, од кои 390 во Гостивар и 310 низ околните села.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена