Македонија
Нови 163 случаи со Ковид-19 и 259 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19 и 259 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 163 случаи од Скопје се 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.
Од 259 оздравени пациенти од Скопје се 153, Кавадарци – 21, Битола – 17, Куманово, Прилеп и Велес – по 8, Гостивар – 7, Ресен и Охрид – по 6, Тетово и Делчево – по 4, Кичево, Струмица, Струга и Неготино – по 3, Крива Паланка – 2, Валандово, Кочани и Свети Николе – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а на активни случаи изнесува 1.434.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022