Македонија
Нови 292 случаи на ковид во земјава, оздравени 303, починале две лица

Во последните 24 часа се регистрирани нови 292 случаи на КОВИД-19, од направени 2.410 тестови. Оздравени се 303 пациенти, а починале две лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Скопје се 140, Битола 21, Куманово 18, Велес 16, Прилеп 14, Тетово 13, Кавдарци 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 5, Виница 4, Струга и Демир Хисар по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1.
Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 25, Битола – 15, Кавадарци – 14, Тетово – 13, Велес – 11, Прилеп – 8, Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4, Штип, Кочани и Сруга – по 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2, Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.410 тестови преку: ИЈЗ-293, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–111, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-68, Биотек-79, Систина-49, лабораторија Лаор-86, Синлаб-34, Ремедика-11, Плодност-16, Генеа-1, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-27, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.073.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие