Македонија
Нови 37 случаи на Ковид-19, оздравени десет пациенти

Во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19, од направени 4.264 тестирања. Оздравени се вкупно 10 пациенти, а нема починати пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи во Тетово се 13, во Скопје 12, во Велес 3, во Гостивар, во Прилеп и Струмица по 2, Охрид, Свети Николе и во Делчево по 1.
Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од Скопје 5, Кичево 2 и Тетово, Струмица и Берово по 1.
Направени се 4.264 тестови преку: ИЈЗ-96, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-223, Биотек-166, Систина-103, лабораторија Лаор-443, Синлаб-49, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–6, Никоб лаб-905, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.880.
Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград