Македонија
Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април
Од 12 до 18 април пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходната недела, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Најголем дел од случаите се пријавени во рамки на епидемијата во Скопје – 37, а пријавени се случаи и во Битола – три, Куманово – два и по еден случај во Тетово, Крива Паланка, Прилеп и во Струмица. Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 31 лице е некомплетно вакцинирано, невакцинирани или има непознат вакцинален статус, 13 се комплетно вакцинирани и две се вакцинирани согласно возраст. Од новите 46 случаи, девет случаи се хоспитализирани.
Заклучно со 18 април, во државава се регистрирани вкупно 489 случаи на голема кашлица, со инциденца од 26,6/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.
Најголем број лица живеат во Скопје – 392 со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамки на епидемијата во Куманово се пријавени 27 заболени лица, а случаи се пријавени и во други 15 градови низ државата.
- Од пријавените 489 случаи, лабораториски се потврдени 487 случаи. Од 18 јануари до 18 април, дадени се вкупно 41.044 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, пишува во извештајот на ИЈЗ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија