Македонија
Нови 476 случаи со Ковид-19, девет починати и 524 оздравени пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19, девет починати и 524 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 476 случаи од Скопје се 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.
Од деветте починати лица три се од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а на активни случаи изнесува 3.431.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар