Поврзи се со нас

Македонија

Нови 68 истакнати поединци на дијаспоратa во проектот МКАРТА

Објавено

на

Фарук Незири, по потекло од гостиварско Чегране

Две години по иницијалното промовирање од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, листата на носители на МКАРТА се проширува со вкупно 68 претставници на дијаспората по потекло од Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи во мај оваа година упати јавен повик за пренесување на интересот за вклучување во проектот МКАРТА до целата дијаспората, а меѓу новите имиња вклучени во проектот има научници и истражувачи, универзитетски професори, аналитичари во различни области, главни уредници на изданија на нашата дијаспора, лекари-специјалисти, директори на врвни клиники, уметници, бизнисмени, директори во врвни светски компании,  спортски тренер, врвен светски гастроном, млад книжевник и многу други.

Проектот МКАРТА, како што велат од МНР, е замислен како мрежа на истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу Северна Македонија и новите средини во кои живеат, дале придонес во унапредувањето на односот и соработката на нашата држава со дијаспората, како и покажале исклучителен успех на професионален план.

-Покрај симболичното признавање на нивниот исклучителен труд, со проектот се зацврстува врската на овие истакнати личности со државата и отвора можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Северна Македонија, потенцираат од МНР.

Подолу листата на новите носители на МКАРТА:

  1.       Ефтим Митревски
    Главен и одговорен уредник на весникот Преспа, Албанија

  2.       Леила Ислами
    Студент по лингвистика. Автор на два романи. Швајцарија

  3.       Нада Караиванова
    Магистер по одржлив развој во добро позната компанија, Италија

  4.       Никола Ѓурѓај
    Главен и одговорен уредник на весникот Илинден и претседател на здружението Илинден, Албанија

  5.       Васил Стерјовски
    Универзитетски професор и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Албанија

  6.       Билјана Станоевска
    Здравствен работник и познато име на дијаспората во Австралија

  7.       Љубен Киселовски
    Спортист и маратонец. Познато име на дијаспората во Австрија

  8.       Нехат Мурати
    Финансиски аналитичар, Австрија

  9.       Фидан Лимани
    Менаџер во банката Sparkasse и финансиски службеник ат ASVO NO. Советник во Општината Traisen во Австрија

  10.   Дејан Рајчановски
    Надворешен експерт во Европска комисија во Брисел, Белгија

  11.   Зорица Цветановска Мараус
    Виолинист, Босна и Херцеговина

  12.   Стеван Јанковски
    Поранешен балетски уметник и професор во балетското училиште во Сараево, Босна и Херцеговина

  13.   Кнегиња Риктер
    Директорка на медицинска клиника и врвен доктор во областа Sleeep Medicine во Германија

  14.   Сашо Станисављевиќ
    Специјалист кардиолог и доктор на медицински науки, Германија

  15.   Роберт Кленкоски
    Специјалист за телекомуникациска технологија, Германија

  16.   Сабри Ибиши
    Наставник по дополнителна настава на мајчин јазик. Познато име на дијаспората, Данска

  17.   Велимир Давидовски
    Вработен во Мајкрософт во Данска и директор на Одделот за продажба. Претседател на македонско-данското друштво за пријателство во Данска.

  18.   Невзат Ибиши
    Наставник по дополнителна настава на мајчин јазик. Познато име на дијаспората, Данска

  19.   Рахел-Шели Леви Друмер
    Медицински истражувач од областа на биомедицина, Израел

  20.   Љупка Делева
    Уметник, Италија

  21.   Сузана Глигорова
    Познат кардиолог и кардиохирург, Италија

  22.   Абдула Салихи
    Активист на дијаспората и претседател на здружението Рилиндја, Италија

  23.   Енвер Рамадани
    Бизнисмен во областа на енергетиката и значајно име на дијаспората во Италија

  24.   Неат Марку
    Професор по албански јазик и литература, со бројни објавени наслови. Познато име на дијаспората во Италија

  25.   Бардул Дурмиши
    Бизнисмен и значаен поддржувач на активностите на дијаспората, Италија

  26.   Фарук Незири
    Реномиран гастроном на светско ниво, Италија

  27.   Ѓуран Селмани
    Бизнисмен и познато име во дијаспората, Италија

  28.   Џон Битов
    Коосновач на Македонија2025 и бизнисмен. Познато име на дијаспоратаво Канада

  29.   Изер Алиу
    Филмски режисер и автор на краткометражни филмови, Норвешка

  30.   Блерим Решиди
    Познат стоматолог во Осло, Норвешка

  31.   Горан Петровски
    Специјалист офталмолог и научник, универзитетски професор, Норвешка

  32.   Славица Вејт
    Познато и важно име на дијаспората во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

  33.   Панде Шахов
    Универзитетски професор по музика, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

  34.   Радмила Блажеска
    Магистер по сајбер безбедност во Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

  35.   Валентина Стојческа Mашински и воздухопловен инженер, доктор на науки, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

  36.   Влатко Андоновски
    Признат спортски менаџер во Соединетите Американски Држави

  37.   Жикица Паговски
    Директор во Foreign Policy, Соединети Американски Држави

  38.   Ајдин Бајрами
    Бизнисмен и познато име на дијаспората и хуманитарен активист во Соединетите Американски Држави

  39.   Мајк Зафировски
    Коосновач на Македонија2025, основач и претседател на The Zaf Group во Соединетите Американски Држави

  40.   Митре Кутановски
    Коосновач на Македонија2025, вмрежување на дијаспората во Соединетите Американски Држави

  41.   Вера Ставроф
    Претседател и извршен директор на “Herbal Science” и Alkaloid USA”. Kоосновач на „Green Beauty”, Соединети Американски Држави

  42.   Невенка Димитрова
    Успешен професионалец во областа на науката и технологијата за биомедицински податоци. Доктор по компјутерски науки. Поседува бројни патенти. Соединети Американски Држави

  43.   Звонко Таневски
    Универзитетски професор за словенски филологии во Братислава, Словачка

  44.   Субија Тајроски
    Менаџер и познато име на дијаспората во Словенија

  45.   Мурат Луши
    Дијагностички радиолог, Турција

  46.   Мехмет Ибраими
    Научник и автор на бројни книги и студии од областа на турската култура и архитектура на Балканот, Турција

  47.   Сухејб Сулејмани
    Лекар специјалист со објавени публикации во област на медицината, Турција

  48.   Панче Грцев
    Проектен менаџер, Холандија

  49.   Јана Митев
    Mеѓународни односи и психологија, Холандија

  50.   Верица Пандилоска Гичева
    Основач на ЕУ институт Скопје, Холандија

  51.   Небојша Јованов
    Предавач на меѓународни бизнис студии, Холандија

  52.   Гоце Ѓорѓиоски Лекар-стоматолог, познато име на дијаспората во Холандија

  53.   Ана Вукелиќ
    Универзитетски професор по математика, Хрватска

  54.   Александар Маршавелски
    Асистент на Правниот факултет во Загреб и Доктор на науки, Хрватска

  55.   Халит Нуриши
    Активист на дијаспората, Хрватска

  56.   Мафиз Зендели
    Прокурист и менаџер, Хрватска

  57.   Лујза Груева
    Лекар-специјалистпо кардиологија, Хрватска

  58.   Нухи Исмаили
    Познато име на дијаспората. Спортски и хотелиерски менаџер. Добитник на бројни признанија во Хрватска

  59.   Арјан Џеладини
    Директор на ИТ компанија во Швајцарија

  60.   Башким Исени
    Директор на канцеларијата за интеграција во Лозана и основач на Албинфо, Швајцарија

  61.   Севдаил Тахири
    Директор на Албинфо, Швајцарија

  62.   Насир Рустеми
    Здравствен работники познато име на дијаспората, Швајцарија

  63.   Гзим Амити
    Менаџер и познато име на дијаспората, Швајцарија

  64.   Дашмир Ибиши Виш аналитичар на податоци во позната фирма, Швајцарија

  65.   Бехар Беќири
    Специјалист по сајбер безбедносна во позната фирма во Швајцарија

  66.   Милена Георгиевска
    Главен и одговорен уредник на „Македонски глас“, Хрватска

  67.   Заим Јашари
    Бизнисмен и познато име на дијаспората во Швајцарија

  68.   Ердован Етовски
    Познато име на дијаспората и Претседател на здружението МАК-МЕЛ со активност во Швајцарија. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 13 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 14 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 15 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 16 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 17 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 19 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 19 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена