Поврзи се со нас

Гостивар

Нови 900 садници долж булеварите во Гостивар

Објавено

на

Екипи на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во Гостивар деновиве работат на уредување на зелените површини и засадување на нови дрвца.

Денес ги затекнавме во населбата Малеарди, каде долж булеварот „Браќа Ѓиноски“, веќе се засадени 600 нови садници, а во тек е кастрење на останатите дрвја.

По продолжениот викенд, активностите за раззеленување ќе продолжат и по булеварот „Гоце Делчев“.

„До сега се засадени околу 600 садници, а од понеделник ќе продолжиме со уште 300 и тоа по булеварот „Гоце Делчев“ од домот на културата се‘ до автобуската станица. Подигнавме и две нови зелени површини, во населбата Малеарди и на ул „Мара Угринова“. Ги одржуваме и сите зелени површини во кругот на колективните згради“, рече Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.

Претпријатието ги интензивираше работите на терен од септември. Претходно поради карантините и полицискиот час, активностите беа ставени во мирување. Каква ќе биде финансиската рамка на инвестициите во зеленилото, останува да се види до крајот на годината.

Од претпријатието за зеленило најавија дека во текот на следните денови ќе се спроведе и сечење на неколку постари дрвја во градскиот парк, за кои било оценето дека претставуваат ризик за минувачите.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена