Македонија
Нови антиковид мерки нема, се препорачуваат повеќе тестови

Во земјава има зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19, кое изнесува 79.9 %. Сепак, проценката е дека се наоѓаме во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19 и не се препорачани дополнителни рестриктивни мерки.
Ова е констатирано на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, која ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
-Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19. Утврдено е дека Северна Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, стои во соопштението од Министерството за здравство.
На состанокот било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19. Притоа Комисијата, како што се наведува, препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно.
Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја