Вести
Нови искуства и знаења за ученици од гостиварското техничко училиште
Средношколци од техничкото училиште во Гостивар, дел од летниот распуст го искористија за стекнување нови знаења и искуства, преку разни проекти и програми. Група од шест ученици учествуваа во летен камп за интеркултурна комуникација во рамки на проектот „Без расправање“, што го организираше Волонтерскиот центар од Скопје. Учениците престојуваа неколку дена во Струга заедно со свои врсници од други градови и на работилници, интерактивни вежби и слични активности учеа за различните култури, почитувањето и развиваа меѓусебна комуникација.
„Летниот камп беше можност да се потсетиме дека различностите треба да не` обединуваат, дека треба да ги негуваме и почитуваме. Стекнавме трајни пријателства со млади од Скопје и Струга, кои истотака беа дел од кампот“, велат средношколците.
И за ученикот Иво Дамјановски, кој учи компјутерска техника, летото донесе убаво искуство кое ќе го памети. Тој е учесник во проектот „Градење на одржлива иднина“, кој вклучува повеќенеделни активности во Дизелдорф, Германија заедно со средношколци од Србија, Шпанија, Норвешка, Полска и други земји.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди