Гостивар
Нови полициски контроли на моторџиите, во Гостивар 5 казни

Во вчерашната акциска контрола за прекшоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле откриени и законски санкционирани 18 прекршоци на тетовското и пет прекршоци на гостиварското подрачје.
Најчестиот прекршок што го прават возачите на мотори е некористењето заштитна кацига, како и управување без возачка дозвола или мотор со истечена регистрација. Меѓу прекршителите неретко има и малолетници.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. На мотоциклистите им се советува, навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли, да ја проверат техничката исправност на истите, да не седнуваат зад управувач без положен возачки испит и да бидат крајно внимателни кога се движат, посебно по пофрекфрентните улици во Тетово и Гостивар.
„Доколку не се придржуваат на овие апели и укажувања, ќе се соочат со поднесоци и глоби кои, зависно од видот на прекршокот, се движат од 50 евра за неносење опрема до 500 евра во денарска противвредност, за нерегистриран мотоцикл.“, предупредува СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос