Поврзи се со нас

Македонија

Нови правила за давање субвенции на земјоделците

Објавено

на

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, го презентира новиот модел за субвенционирање во земјоделството.

Николовски истакна дека новиот модел дава одговор и решение на сите утврдени слабости во досегашниот систем на субвенционирање. Со него досегашната поддршка за земјоделците не се крати, туку се прераспределува во повеќе програми со цел поголема ефикасност и навремена исплата.

Новиот модел кој министерот претпладнево го претставил и на владината седница, предвидува зголемена контрола и дополнителни услови за добивање финансиска поддршка, елиминирајќи ги можностите за нерегуларности и зајакнување на продуктивноста, а Платежната агенција добива подолг период за извршување на контролите преку сите системи.

-Стариот систем за субвенционирање според кој земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство, го заменуваме со нов, т.н. de capling кој ги обврзува да докажат дека имаат остварено и предадено производство. Македонското земјоделство го прилагодуваме на европските патеки. Во организиран систем ги ставаме сите чинители, намалувајќи ја можноста за плаќање во готово, спречувајќи ја сивата економија – систем кој има зголемен обем на контроли и систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна, напомена министерот.

Како што објасни Николовски, со новиот модел за субвенционирање земјоделците преку Програмата за финасиска поддршка авансно би добивале основна субвенција наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба. Основната субвенција би ја добивал секој земјоделец кој обработува земјоделска површина, кој ќе посее едногодишна култура или одржува траен насад, земјоделец кој ќе поднесе барање и кој ги исполнува пропишаните минимум критериуми без услов за предадено производство.

Можност за авансна исплата на дел од основните субвенции се предвидува и кај сточарството.

Во новиот систем ќе има и дополнителната субвенција  – за стратешки утврдените култури и производи.  Дополнителната субвенција е врзана со остварен принос, но и со предавање на производството во регистрирани домашни капацитети или со искористување на производството за сопствена продукција на финални производи регистрирани за продажба од куќен праг.

-Даваме приоритет на стратешки важните култури и производи со цел да обезбедиме поголем принос на стратешки култури и помала увозна зависност на државата. Домашното производство го насочуваме кон домашните преработувачки капацитети, поттикнувајќи го договорното производство, подвлече Николовски. 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 1 недела

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 3 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 2 недели

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Гостиварпред 4 недели

Гостиварец измамен од „бизнисмен“ од Скопје за 2000 евра

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 6 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена