Македонија
Нови работни места во малите фирми преку кредити од државата
Агенцијата за вработување на Македонија објави јавен оглас наменет за отворање на нови работни места во мали и мирко претпријатија, кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот. Фирмите можат да добијат поволен кредит од 3.000 евра по едно новоотворено работно место, до максимален износ од 9.000 евра за вработување на три невработени лица. Доколку работодавачот отвори работни места за млади лица до 29 годишна возраст, тогаш кредитот ќе изнесува 4.000 евра по едно новоотворено работно место, до 12.000 евра за вработување на три невработени млади лица.
За користење на овие средства може да се пријават микро и мали претпријатија кои се регистрирани најмалку една година, со најмалку едно вработено лице. Рок на враќање на средствата е три години со вклучен грејс период од 1 година, а каматната стапка е од 1% на годишно ниво.
Детални информации за мерката можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување на Република Македонија.
-
Гостиварпред 4 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград