Гостивар
Нови случаи на заразени од морбили во Гостивар

Епидемиолошкото одделение во Гостивар неделава ги регистрира првите случаи на заболени од мали сипаници на гостиварското подрачје, кои се и лабараториски потврдени. Станува збор за две жени на возраст од 39 и 42 години кои се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Пријава од скопската клиника за морбили стигнала и за едно 13 месечно дете од Гостивар, но тој случај до сега не е целосно јасен, со оглед на тоа што по проверка се утврдило дека детето веќе се наоѓа во странска земја.
„После повеќе години на немање морбили во регионот на Гостивар, ги регистрираме првите случаи. Се работи за високо заразно заболување и секако дека сега веќе постои ризик од ширење. Единствен ефикасен начин на заштита е потполната вакцинација, затоа апелираме до родителите да го проверат вакциналниот статус на децата и доколку не ги примиле двете дози, веднаш да ги вакцинираат. Ние почнавме со чешлање на картоните уште кога се прогласи епидемија во Скопје, на 2 јануари и правиме напори да ги вакцинираме оние кои воопшто не се или тие кои примиле само една доза“, изјави епидемиологот прим. д-р Војислав Огњаноски.
Двете пациентки од Гостивар со морбили биле делумно вакцинирани, односно примиле само една доза вакцина.
Малите сипаници денес ја зедоа првата жртва во земјава. Министерството за здравство информираше дека шестмесечно бебе од Куманово утрово починало на Клиниката за инфективни болести од компликации на белите дробови, предизвикани од морбили.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести